Политика на приватност и рефундирање

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Објектив Дистрибутион ДООЕЛ, Подружница: Хоме Линк, со седиште на Ул.Ристо Крле Бр.4 Струга, Република Северна Македонија.

Политика на давање на услуга

Клиентите можат да изберат една од следните три опции за интернет услуга: Fiber 50, Fiber 100 или Fiber Business.За да се активира услугата, клиентите се должни да ја посетат нашата филијала на следната адреса: Објектив Дистрибутион ДООЕЛ – Подружница: Хоме Линк ул. Ристо Крле бр. 4, 6330 Струга. Клиентот поднесува барање за приклучување на избраната услуга. По техничка обработка и потврда од наша страна, услугата се активира.

Наплатата за услугата може да се изврши на два начина:

  • Преку уплата на жиро сметка: 4026024544293 – Уни Банка
  • Електронски преку нашата веб-страна.

Известување за уплата

Доколку корисникот избере да ја изврши уплатата електронски преку нашата веб-страна, потребно е да го посети линкот Плати сметка и да ги пополни сите потребни информации: име и презиме, адреса, е-маил, број на фактура и износ.
По успешно извршена уплата, корисникот ќе добие е-пошта со потврда за извршената трансакција.
Во случај на грешка при процесот на уплата, системот автоматски ќе испрати е-пошта со известување дека уплатата не е успешна. За сите дополнителни прашања и поддршка, можете да нè контактирате на телефонскиот број: +389 (0) 78 788 020.

Политика за враќање на средства

Враќање на средства за уплати направени преку нашата веб-страна не е возможно, согласно однапред утврдените услови за користење на услугата. Доколку е извршена уплата во износ поголем од потребниот, вишокот ќе биде надоместен преку продолжување на услугата соодветно со дополнителен број денови на активација. За дополнителни информации, ве молиме контактирајте нѐ на е-пошта или на телефонскиот број +389 (0)78 788 020.

Чии податоци собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна www.homelink.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња.
  • Баратели и други физички лица во врска со поднесување на барања, иницијативи за спроведување на супервизија. Овие барања/иницијативи содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето и лични податоци на други лица вклучени во барањето кои се потребни за постапување согласно нашите овластувања наведени во Законот за заштита на личните податоци.
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, емаил и други.

2. Вградена содржина од други веб-страници

Написите на оваа страница може да вклучуваат вградена содржина (на пример, видеа, слики, статии, итн.). Вградената содржина од други веб-страници се однесува на ист начин како посетителот да ја посетил другата веб-страница. Овие веб-страници може да собираат податоци за вас, да користат колачиња, да вградат дополнително следење од трети страни и да ја следат вашата интеракција со таа вградена содржина, вклучително и следење на вашата интеракција со вградената содржина ако имате сметка и сте најавени на таа веб-страница.

Како ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
  • преку нашиот емаил: objektivdistribution@gmail.com
  • преку пошта,
  • усмено.

Категории на корисници на лични податоци

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку нашата интернет страна, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги ако ние ги ангажираме како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по нашите упатства и да обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги;
  • Коментарите на посетителите може да се проверат преку автоматизирана услуга за откривање на спам;
  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

Scroll to Top